2win800x200

МЕПСО: Релејната заштита на трафостаницата "Битола 2" го исклучи блокот во РЕК

Април 28, 2018

За испадот на блокот во РЕК Битола денеска со соопштение се огласи и МЕПСО.

"Синоќа во 01:34 часот во Националниот диспечерски центар регистрирана е безнапонска состојба во 400/110 киловолтната трансформаторска станица „Битола 2“. Станува збор за дефект на елемент од преносната мрежа (мерен струен трансформатор) во таа постројка, информираат од МЕПС

 

„Согласно со протоколите за работа веднаш реагирала релејната заштита и ја исклучила трансформаторската станица од преносната мрежа. Заради тоа е исклучен од мрежа и блокот во РЕК Битола“, соопштија од МЕПСО.

Дежурните екипи на МЕПСО, се нагласува во соопштението, веднаш реагирале и за еден час го санирале дефектот, по што постројката е вклучена под напон во 2:45 часот. Блокот во РЕК Битола, согласно со процедурата за пуштање во погон на термоелектричната централа,  е синхронизиран на преносната мрежа во 11:50 часот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани