2win800x200

„АДАМС АРТ“ на Анкица Стевановска слави две години-Ателјето што изнудува уметничка насмевка

Декември 17, 2021

 

Уметничкото ателје Адамс АРТ слави две години од своето постоење и ве поканува да ја посетите уметничката атмосфера на ателјето секоја сабота од 10 до 16ч.

Творец на Адамс АРТ е академски сликар и педагог Анкица Стевановска. 

Нема достапен опис

*Две години исполнети во духот на: креативноста, творечко изразување, слобода и фантазија, инспирација, мотивација, интеракција...

Две години исполнети со многу детски насмевки, шаренило од бои, активности и изложби, успешни дела и проекти...

Адамс АРТ, уметничкото ателје, целта ја реализира преку концепт кој опфаќа: часови по класична уметност, цртање и сликање, работилници, настава во природа, посета на институции од областа на културата, културни настани и организирање на изложби.

Овој динамичен лавиринт безрезервно и несебично го води академски сликар и педагог Анкица Стевановска. Таа инспирира и поттикнува, како деца, така и возрасни, со своето долгогодишно и богато уметничко искуство кое вклучува и проекти за млади таленти од секоја социјална структура. Еден од последните проекти кој го реализираше е ,,Животот во Баир,, со деца од ромската заедница. Нејзин најголем предизвик е инклузијата на деца со посебни потреби, за кои е потребно најголемо трпение и голема љубов за да се извлечат сите интереси и желби преку творење на цртежи и слики.

Во пресрет на новогодишните празници и целата магија што ја носат со себе, членовите на уметничкото ателје се вклучија во изработка на декорација и докажаа дека и со природни материјали и рачна изработка може да се креира новогодишно катче покрај кое ќе се доловат фотографии за трајни спомени.

Адамс арт Ве поканува да ја посетите уметничката атмосфера секоја сабота од 10 до 16ч. Дојдете да ја запознаете и таа страна од уметноста и да создадете несекојдневни празнични фотографии, кои во иднина ќе ве поттикнат да бидете дел од оваа приказна, бидејќи како што рекол Пабло Пикасо: ,, Сите деца се уметници. Проблемот е да се остане уметник додека се расте“.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани