АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинското основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“од Битола е пионер во работа со Еразмус плус проектите почнувајќи од 2014 год со прво искуство добиен проект Еразмус плус за развивање на дигиталните вештини кај наставниот кадар и реализирана мобилност во Малта. Училиштето веќе осум години е активен апликант за Еразмус плус програмата поддржана Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и последните две години е добитник на Еразмус плус проекти.
Еразмус + КА229 поддржан од Националната агенција за мобилност и образование на Италија- на тема “Јазиците ги зајакнуваат Европјаните“ е тековен проект. Истиот веќе се одвива две години во време на Ковид-19 пандемија. Партнер држави во проектот се Полска, Ирска, Република Северна Македонија и Италија. Во периодот од 13-17 декември 2021, беше реализирана виртуелна мобилност во која зедоа учество партнерските држави, а Р.С. Македонија беше земја домаќин на тема „Јади добро-јади здраво“. Мобилноста се одвиваше пет работни дена. Учениците ангажирани на различни задачи имаа можност да ги споделат и да ги научат основните постулати на здравата храна и важноста на истата, со посебен акцент на пандемискиот период како и создавање здрави навики.
"Преку креирање дигитални содржини за здрави оброци имавме можност да споделиме искуства со европските земји, да се развијат јазичните вештини кај учениците на највисоко ниво. Да се направи корелација со традиционалната храна и култура како темел на постоење на еден народ. Позитивните искуства беа добредојдени за сите. Учениците развија пријателства со нивни другарчиња од другите европски земји е едноставно уживаа во прекрасната атмосфера. Навистина прекрасно звучеше „Македонско девојче“ интерпретирана преку гласовите на учениците од Ирска, Полска и Италија. Се гордееме дека полека стануваме дел од европското семејство. Соработката продолжува и понатаму во пресрет на нови мобилности за кои се надеваме дека ќе се реализираат со посети на споменатите држави. Поддршката од родителите и медиумите само ја зацврстуваат нашата верба за во иднина уште повеќе да се посветиме на вакви меѓународни проекти. После секоја макотрпна работа успехот е неминовен", вели координаторот на проектот Даниела Лавуровска