АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хаос, безредие и насилие. Тоа донесе во ЈП “Водовод“ новиот директор Пеце Милевски, обвинува советникот на СДСМ Борче Корлевски. Според него по налог на
Милевски се менуваат раководители со усни наредби, без пишан документ.
-Пајташи на Пеце Милевски вршат притисоци врз вработени да работат задачи од лица именувани лично од директорот, без решение. Закани кон вработените да преминат од еден во друг синдикат за да се прикаже репрезентативност и да се користат парите што по закон ги исплаќа претпријатието на синдикаланата организација, во „Водовод“ станаа секојдневие од политички команданти под контрола на Пеце Милевски, вели Корлевски додавајќи дека дел од вработените ги пријавиле притисоците, заканите и мобингот во Трудовата инспекција и кај останатите надлежни институции.
-За две недели откако е назначен за директор, „Водовод“ имаше 8 дефекти на водоводната мрежа, а цели населби и улици по цели денови немаа вода за пиење, но за Пеце Милевски поважни се пресметките со вработените во претпријатието.
Го повикуваме и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски да ги преземе сите мерки и да ги заштити вработените во „Водовод“ од самоволието на Пеце Милевски. Во спротивно, оправдано ќе се сомневаме дека тој е наредбодавач и соучесник на Милевски во заканите, притисоците и уцените кон вработените во „Водовод“, рече Корлевски.