2win800x200

Николовски-Власта нема пари за субвенционирани клими има за нови возила

Декември 30, 2021

Коалицијата ВМРО – ДПМНЕ, Поинаку и Левица не ги прифати амандманите на СДСМ за одделување на пари од буџетот на општината за субвенции за клима уреди и за финансиска поддршка на Кошаркарскиот клуб Пелистер, тутку ќе купува нови возила за општината, обвини Петар Николовски, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ и коалицијата. 

-Во буџетот тежок околу 32 милиони евра, локалната власт не најде за сходно да предвиди средства за субвенционирање на клима уреди за битолчани, ниту имаше слух да одвои 10 милиони денари за да може кошаркаскиот клуб Пелистер да продолжи со победите. Од друга страна, советниците на ВМРО – ДПМНЕ, Поинаку и Левица дадоа амин Општина Битола да набави нови возила за потребите на општинската администрација. А, пред неколку дена во општината пристигнаа две нови возила и сега општинската администрација има на располагање вкупно 7 нови возила.Какви нови возила планира да купи Општина Битола во вредност од 13 милиони денари покрај седумте нови што ги има во гаражите?, рече  Николовски обвинувајќи дека се продолжува со  недомаќинското работење кое беше одлика на ВМРО – ДПМНЕ и екс градоначалникот Владимир Талески.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани