2win800x200

Плишаните мечиња од дербито Пелистер – Вардар завршија во неколку институции во Битола (ФОТО)

Декември 30, 2021
Дел од ракометарите и членови на Еурофарм Пелистер, денеска во низ неколку институции во Битола, ги поделија мечињата фрлени од страна на навивачите пред дербито со Вардар кое се одигра на 15. декември кое заврши без победник 27-27.
 
Пред самиот натпревар неколку десетици плишани мечиња беа фрлени на паркетот, за хумана акција која е присутна низ сите делови во Европа и во сите спортови.
 
Се сеќавате ли на плишаните мечиња кои долетаа на парткетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ на полувремето натпреварот против Вардар 1961?
РК Еурофарм Пелистер ја реализира својата хумана акција која предизвика голем интерес и хуман одговор од нашите симпатизери и навивачи. Нашите ракометари и членови на клубот ги поделија мечињата во Домот за доенчиња, Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и детската градинка „Снегулка“ во Битола.
Клубот и во иднина ќе реализира хуманитарни акции и со своите дела ќе ги потенцира вистинските вредности во животот, напишаа од клубот .
 
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат
Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани