2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЕСМ: одлуката на РКЕ е на линија со нашите заложби корекцијата на цената да биде едноцифрена

Декември 31, 2021

АД ЕСМ го поздравува фактот што РКЕ одлучи покачувањето на цената на електричната енергија да биде во минимални рамки и едноцифрено. АД ЕСМ претходно се согласи да ја продава електричната енергија кон ЕВН Хоме за потребите на граѓаните по компромисна цена од 41 евро за мегават час, со цел да не предизвика значајно покачување во својот дел на учеството во крајната цена на стујата, се наведува во соопштението од Државните електрнаи. 

При одредување на цената на АД ЕСМ, со првенствено значење се земаше токму проекцијата на тоа која ќе биде крајната цена за потрошувачите. Од тие причини се внимаваше ЕСМ да предложи и владата да поддржи и да препорача цена која нема да предизвика голем ценовен шок во општеството, а сепак ќе ја задржи стабилноста на компанијата. Во таа насока се и последните одлуки на Владата за дополнително снабдување на ЕВН Хоум преку ЕСМ во услови на кризна состојба. Улогата на АД ЕСМ со новиот закон за енергетика е државниот производител на електрична енергија да обезбеди времена ценовна тампон зона во период од неколку години, и АД ЕСМ ги вложува сите капацитети, и производни и човечки, да ја исполни својата обврска и да одржи стабилен и сигурен електро-енергетски систем и непречена испорака на електрична енергија за домаќинствата, додаваат од ЕСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани