АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извинување и известување
Според новата тарифа што ја предлага Советот на Општина Битола за 3 км такси превоз ќе се плаќа 110 денари
Во вчерашниот текст на апла.мк , имаше ненамерно направена грешка во пресметката на досегашната цена на такси превозот, но пресметката за новата цена е точна. За 3 километри растојание ако досега се плаќаше 90 денар (апла пресмета 70 денари), сега според тарифата што ја предлага Советот на Општина Битола, ќе се плаќаат 110 денари. Апла.мк се извинува за направениот пропуст и ја објавува оваа корекција поради професионална новинарска етика, а не поради закани од тужби. Корекцијата беше направен веднаш, но поради тоа што промената ФБ не ја прифаќа, насловот остана само на фан страницата на апла.мк
За поскапувањето и новите цени во такси превозот во прилог уште еднаш го доставуваме тарифникот, според кој секој може да пресмета колку ќе чини такси превозот за одредено растојание