2win800x200

Утринска од минус 13 степени во Битола

Јануари 26, 2022
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-17 Берово, 16 Маврови Анови, -14 Крива Паланка, -13 Битола, Тетово, -12 Дебар, Попова Шапка, -11 Струмица, Крушево, -10 Прилеп, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, -9 Скопје, Виница, -5 Куманово, -4 Дојран, -2 Гевгелија.
СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
39 Маврови Анови, 31 Попова Шапка, 15 Пожаране, 13 Крушево, 7 Крива Паланка, 5 Охрид, 4 Битола, Тетово, Ѓуриште, 2 Берово, 1 Виница.
 

Утрото ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен во сабота. Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани