2win800x200

Ивана Атанасовска избрана за претседател на Локалниот младински совет на Битола

Февруари 02, 2022

Се одржа конститутивна седница на Локалниот младински совет на општина Битола. Од двајцата предложени кандидати, за претседател на Младинскиот совет, беше избрана Ивана Атанасовска.

Пред деветте членови на младинскиот совет се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој им посака успешна работа во понатомошниот период и многу конструктивни идеи и предлози, кои ќе придонесат младите да останат во својот град и заедно со локалната самоуправа, да работат на подобра иднина за младите во целата општина.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во своето обраќање изрази верување дека познатата реченица: младите се нашата иднина, нема да биде само обична флоскула, туку Младинскиот совет со својата работа ќе докаже дека младите можат да направат многу за да се спречи одливот на младата сила во странство.

И претседателката на Советот и градоначалникот, нагласија дека општината е отворена за постојана соработка со младинскиот совет и дека очекуваат многу иницијативи и проекти, кои во идниот период, би се реализирале согласно законските можности.атана

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани