2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

БИТОЛЧАНИ УШТЕ НЕ ГИ ДОБИЛЕ ПЛАТЕНИТЕ ДРВА ЗА ОГРЕВ

Ноември 17, 2017

Повеќе битолски семејства сѐ уште се оставени без дрва за огрев иако од подружницата на „Македонски шуми“ во Демир Хисар во понеделникот ветија дека за три до четири дена доставата ќе биде извршена.

Семејствата кои на време ги платиле дрвата ставуваат дека со обилните дождови сигурно испораката ќе се издолжи, а времето е веќе студено и нема со што да ги згреат домовите. Меѓу нив има и стари луѓе.

„Уште не се стигнати дрвата, а сега со дождот надежта ни се стопи. Моите родители, дрвата ги имаат исплатено, а истите не се стигнати. Пратив мејл до ‘Македонски шуми’, не вратија, се јавуваме по телефони, не краваат,  пишав и порака, но сè уште нема никаков одговор“, реагира битолчанката Ивана Атанасовска.

Без успех завршија и нашите обиди телефонски да се информираме во подружницата во Демир Хисар кога семејствата ќе го добијат платениот огрев. На телефонските повици или никој не одговара или ни исклучуваа.  Во понеделникот токму од тоа шумско претпријатие ни беше кажано дека  застојот во доставата е поради задоцнетото распишување тендери годинава, но и поради лошите временски услови. Тогаш ветија дека за три до четири дена на сите семејства кои им биде доставен огревот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани