Секторот за внатрешни работи Битола денеска (07.02.2022) во времето од 08.00-12.00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Притоа санкционирани се 18 возачи.
Секторот за внатрешни работи Битола и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.
-Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, вњлат од СВР Битола