41 пешак е казнет денеска при контролата на полициските службеници од СВР Битола спроведена од 11 до 16 часот за откривање на прекршоци кои ги чинат пешаците. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период.
-Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од СВР Битола