Девојчињата од второ и трето одделение повешти во читање, а момчињата во математика

Февруари 10, 2022

45 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини за читање - т.е. можат правилно да прочитаат 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две прашања за изведени значења. 68 проценти успеале правилно да ги прочитаат зборовите, а само половина точно одговориле на прашањата за изведени значења.

26 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини со броеви – читање и разликување броеви, собирање, и препознавање и дополнување на шеми. 68 проценти успешно разликуваат броеви, но само 41 проценти успеале во задачите за собирање и препознавање и дополнување на шеми.

Од децата на возраст 7-14 години, девојчињата ги надминуваат момчињата во основните вештини за читање, 70 проценти имаат основни вештини за учење во споредба со 58 проценти од момчињата.Од друга страна, момчињата покажуваат подобри основни вештини со броеви од девојчињата - 47 проценти наспроти 35 проценти.

Државниот завод за статистика, во текот на 2018-2019 година го спроведе Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), како дел од Глобалната програма MICS за состојбата на децата и жените.Техничката поддршка ја обезбеди Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани