2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО НОВАЦИ: „И ЧИЧКО МИ БЕШЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ“

Мај 17, 2018

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние при денешната посета на Општина Новаци рече дека тука има спомени кои му лежат на срце и дека чувствува оти ова место има дел и од неговата историја. Тој откри дека неговиот чичко Ловел Риш, по професија ликовен уметник, бил со француските војски на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Храброста и ужасите на војниците, како и страдањето на цивилното население го претставил на своите уметнички дела.

 

„На делата ретко може да се најде точната локација на која се однесуваат. Најчесто станува збор за нацртани војници, а ретко за пејсажи. Но, тој постојано ја следел армијата и сигурен сум дека овде во овој регион има напревно дел од цртежите. На срце на чичко ми му лежеа и страдањата на цивилното население. Тој преку цртежите сакал да покаже, а и ние сакаме да покажеме во музејот што го правиме на Француските гробишта во Битола дека не страдале само војниците, туку интензивно страдале и цивилите од овој регион“, рече амбасадорот Тимоние.

Токму за страдањата на цивилното население планираат годинава да организираат и научна средба на историчари од Балканот. Ваквиот собир сакаат и следните години да прерасне во традиција.

„Целта е да се заборува како да се заштитат цивилите. Сакаме да покажеме дека лекциите кои ги научивме од Првата светска војна се актуелни и денес зашто имаме слични ситуации во Израел, Палестина, Сирија, па прашањето останува понатаму отворено“, рече Тимоние.

Тој се сретна со градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски, со кого договараат соработка по повод стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна. Се планира да се направи рута која ќе води од Солун до Белград и ќе им овозможи на француските туристи да го откријат овој дел од фронтот и историјата.

„Се сретнавме да поразговараме за проектите за соработка што Општина Новаци ја има со француски општини. Од 2008 година веќе ги имаме контактите со Долна Нормандија и до ден денес ги продолжуваме. Имаме оставрено повеќе посети од наша страна во Франција и од нивна страна тука. Оваа година се навршуваат 100 години од завршување на Првата светска воја и ќе поразговараме околу активностите што ќе се случуваат оваа година“, рече градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.32698195 386402565176449 3500842759391019008 n

32671980 386402525176453 2474776957867261952 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани