АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпишаа догворот за соработка за адаптација на дел од објектот од Домот за доенчиња во Битола за детска градинка со капацитет за 80 деца.
Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола поднесоа кривични пријави против три лица за случајот со оставеното бебе пред влезот од Домот за доенчиња во Битола на втори јули годинава. Пријавите се поднесени против малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.
Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 17-годишната мајка од Желино.
Во Тетово е откриена мајката на напуштеното бебе, потврдуваа од полицијата во Битола за апла.мк. Таа е се уште малолетна и за неколку месеци ќе наполни 18 години.Штипката од папочната врца како и алката што бебето ја имало по породувањето, беа првата трага за откривањето каде било извршено породувањето и која е мајката на бебето.Случајот сега ке го превзема Центарот за социјални работи од Тетово во соработка со Центор од Битола.Во неделата ноќта бебе старо само неколку дена од две машки лица беше оставено во раце на битолчанец да го предаде во Домот за донечиња во Битола. Тоа е згрижено и се наоѓа во добра општа состојба.
Бебето старо само неколку дена, што синоќа битолчанец го пронајде пред Домот за доенчиња, не било родено во битолската болница, потврдуваат за апла.мк од Центарот за социјални работи во Битола. Апла дознава дека најверојатно бебето било родено во прилепската болница, но полицијата го истражува случајот.
Претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, Виолета Ангеловска, во име на комората, предадоа донација во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, која се состои од технички апарати, бебешека опрема и храна.