АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, Виолета Ангеловска, во име на комората, предадоа донација во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, која се состои од технички апарати, бебешека опрема и храна.
-Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветуваме на најмалите, ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола кој згрижува повеќе од 60 дечиња, од најмала возраст па се до 3 години. Подадената рака е прифатена од мноштво мали рачиња, а ние се надеваме дека ќе поттикнеме лавина од донации секаде каде истите се потребни, велат од Нотарската комора на РМ.
Нотарската комора на Република Македонија и во иднина како и до сега, ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година.