2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дел од Домот за доенчиња ќе се преадаптира во детска градинка, потпишан догвор меѓу градоначалникот Коњановски и министерката за труд Тренчевска

Август 18, 2022

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпишаа догворот  за соработка за адаптација на дел од објектот од Домот за доенчиња во Битола за детска градинка со капацитет за  80 деца.

Целта е да се зголеми опфатот на деца во градинките во Битола,а градинката ќе функционира во состав на ЈУДГ „Мајски цвет“.

Градежните работи треба да завршат најдоцна за 10 месеци. Министерството за труд и социјална политика ќе финасира 70 проценти од  работите, а Општина Битола околу триесет проценти, односно 4 милиони денари.

„Целта е да придонесеме за зголемување на опфатот на деца во дестките градинки. Ги охрабрув ам  и другите градоначалници од другите општини да доставуваа проекти за отворање на нови градинки, со што готовите проекти понатаму ќе значат  обезбедување на средства од Министерството за градење на нови градинки и зголемување на опфатот на дечињата, а намалување на листата на чекање во одредени општини каде имаме проблем со градинки“, рече министерката. 

„Општина Битола ќе финансира 30 пороценти од предвидената сума за градежни работи и адаптација на објектот односно околу 4 милиони денари средства кои се веќе обезбедени од буџетот. Општината исто така обезбеди и средства за изработка на проект за адаптација. Предвидениот рок за изведба на градежно-знаетчиските работи изнесува 10 месеци од денот определен за вовед во работа на изведувачот. Општина Битола со години има долга листа на чекање за деца во детските градинки. Како локална самоуправа максимално се залагаме да се изнајдат законски решенија со кои ќе биде надмине овој горлив проблем за родителите, особено за оние кои одат на работа и нема каде да ги остават своите најмили“, рече градоначалникот Тони Коњановски. 

Со министерката разговараа и за двете останати градинки кои треба да се изградат со поддршка на Министерството во АРМ  и кај училиштето „Климент Охридски“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани