2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

 

По 2 месеци интензивни градежни активности и набавка на специфична опрема согласно стандардите на СЗО, лабораторијата за молекуларна микробиологија во  Центарот за јавно здравје, од денес започна со пробно тестирање за КОВИД-19.

Донацијата што ќе ја даде Општина Битола во Центраот за јавно здравје во Битола ќе изнесува 600 000 денари за ставање во функција на Микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19 во насока на ефикасно, ефективно и навремено детектирање на пациентите со коронавирус.

 

Вонредната седница на Совет на која ќе биде донесена одлуката за давање донација закажана е за в понеделник во 10 часот и ќе се одржи онлајн преку апликацијата зум.

 

Средствата ќе се исплатат од Буџетот на Општина Битола за 2020 година, програма Г1 – Локален економски развој, ставка 464990 – Разни трансфери и да се уплатат на сметката за донации на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.

Со донацијата и опремувањето на лабораторијата, тестови за КОВИД-19 за лицата од Југозападниот регион ќе се вршат во Битола наместо како до сега во Скопје.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани