Акциска контрола на СВР Битола
затекнати 13 малолетници во угостителски објекти,интернет кафе и билјард клуб во Битола. 
 
На 17/18.02.2023 година во времето од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и ПС ОН  спроведоа акциска контрола на повеќе локации и објекти во Битола лоцирани на  Широк Сокак" на ул. Солунска" и во комплекс „ Пелагонка 2“ во Битола за откривање на присуство на  малолетници после 24часот.При акциската контрола во објектите се затекнати 13малолетници.Констатирани  се два  прекршоци по чл. 21 од ЗППЈРМ.
 
Во кафе бар лоциран во комплекс „Пелагонка 2“ Битола,во изнајмен објект за роденденска забава, затекнати се деца при што истите се  алкотестирани во присуство на родители и кај истите е утврдено присуство на алкохол .Со потврда децата се  предадени на родителите.

На 08.07.2022 во временскиот интервал од 22.00 до 01.00 часот, во рамки на превентивната активност на СВР Битола „Безбедно лето“, патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во содејство со Одделението за полиција и криминалистичка полиција и родители, педагошки служби од училиштата и преставници од Советот за малолетничко престапништво од Општина Битола, извршија обиколка и посета на угостителски објекти, училишни дворови, паркови и друг јавен простор каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за ноќна забава на малолетници.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани