АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Анализа за јануари и февриари 2023 година.
Во текот на јануари и февруари 2023 година на подрачјето на СВР Битола извршени се вкупно 43 контроли во 101 угостителски објект, при што поради присуство на малолетни лица во објект после 24 часот биле констатирани 6 прекршоци по член 21 од Закон за прекршоци против јавен ред и мир, како и 2 кривични дела по член 204 од Кривичниот законик, за „точење алкохол на малолетници“, едно по член 215.
Притоа, од страна на Полициската станица од општа надлежност Битола извршени се 8 акциски контроли во 16 објекти, при што биле затекнати 16 малолетници и констатирани се 5 прекршоци по чл.21 од ЗППЈРМ. Исто така, констатирани се две кривични дела „точење алкохол на малолетници“ во Битола, при што биле затекнати 9 малолетници и при извршено алкотестирање кај 5 од нив било констатирано присуство на алкохол.
Полициски службеници од ОВР Прилеп извршија 10 контроли во 34 објекти, при што лишено од слобода е 1 лице по чл.215, за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции“.
На подрачјето на ОВР Ресен извршени се 8 контроли во 51 угостителски објекти при што констатиран е 1 еден прекршок по чл.21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и затекнат е 1 малолетник.
Од полициски службеници од ОВР-Демир Хисар извршени се 7 контроли во 27 објекти, во ОВР Македонски Брод 53 контроли во угостителски објект, а на подрачјето на ОВР Крушево извршени се 6 контроли во 74 објекти. На сите три подрачја при извршените контроли не се констатирани неправилности.