АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Готов е муралот што деновиве го наслика тимот на Hybrid Minds Crew на дел од фасадата на зградата кај Атпазар во Битола.
Овој дел од зградата со години беше лоша слика, место обраснато со грмушки, расфрлано ѓубре, а фасадата ја нагрдуваа разни графити.
Сега ѕидот е разубавен со лик на жена со цвеќе во косата и птица над главата, а муралот со површина од 130 метри квадратни,е посветен на убавите жени по кои е позната Битола.
Проектот е дел од годинешното издание на "Битфест".
Претходно на овде беше поставена урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, велоп паркинг и др, со што местото доби комплетно нов лик
Покрај муралот кај Атпазар, тимот на Hybrid Minds Crew, лани го нацрта муралот на зградата кај Шехерзада како и 3Д пешачкиот премин кај Горната гимназија
На зградата кај Атпазар, на дел од фасадата кон улицата „Прилепска“, деновиве почна цртањето на мурал кој ќе има површина од околу 130 метри квадратни.
Портетерот на еден од највлијателните и најважни личности во културата на Македонија, драматургот Горан Стефанофски е исцртан на дел од ѕидот на Ракометното игралиште во Битола, а исто така испишан е и цитат од неговот дело „Тетовирани души“. Стефановски, е роден во Битола на 27 април 1952 година, а почина на 27 ноември во Велика Британија, на 66 годишна возраст