Во рамките на проектот „Денови на човековите права“, денеска уметниците Herve Potelle I Alexandre Rajkovic, пред влезот на битолската библиотека цртаа мурал на тема “Фауна и Флора – право на живот во здрава средина“
Настанот го организираат Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада и Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Проектот се реализира веќе една недела, со различни настани, а целта е да се подигне свеста за човековите права.