На зградата кај Атпазар, на дел од фасадата кон улицата „Прилепска“, деновиве почна цртањето на мурал кој ќе има површина од околу 130 метри квадратни.
Овој дел од зградта на кој се цртаа разни графити што ја нагрдуваа фасадата, сега веќе се препознаваат контурите на лик на жена со цвеќе во косата, а над главата ќе има птица што ќе ја симболизра слободата. Мурало ќе биде посветен на убавите жени по кои е позната Битола.
Проектот е дел од годинешното издание „Битфест“
Муралот го слика тимот на Hybrid Minds Crew, уметници од Битола, кои заедно работат од 2015 година, а како поединци над 10 години работат во областа на ауди-визуелните уметности.
Лани Hybrid Minds Crew го нацртаа муралот на зградата кај Шехерзада во Битола, а неодамна и 3Д пешачкиот премин кај Горната гимназија.