2win800x200

Дека најсилна е еманципацијата на жената преку работата потврдуваат Виолета Петковска и Јасмина Мановкса, кои своите работни места во РЕК Битола ги делат со мажи. Специфичните работни услови во најголемиот производител на струја во државата и стожер на електроенергетскиот систем, за овие две млади дами беа силен предизвик, но велат никогаш не им паднало на памет да се откажат поради предрасудите и стереотипите. Виолета е ракувач на погонска станица, а работното време го минува во кабина од неколку метри квадратни од која се следи транспортот на јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната. Оди во смени од по 12 часа.

-Работата не е толку тешка како што изгледа ако постојано се следи процесот на движење на јагленот, а од вид не смее да се испушти ниту траката, без оглед дали има или нема јаглен на неа. Но едно мало невнимание значи голем ризик, вели Виолета Петковска, ракувач на погонска станица

Досега, на своето работно место, Виолета не се соочила со дискриминација по било кој основ и вели дека е одлично прифатена од колегите во РЕК Битола.

-Нема дискриминација во работа, тука работат и мажи и жени. Кога дојдов на работа бев добро прифатена од сите колеги, тоа што сум женско не ми прави никаков проблем и потврдува дека ние жените не сме ништо помалку способни од мажите, вели Виолета.

viber image 2023 03 08 18 16 04 700

(фото:  Виолета Петковска ракувач на погонска станица во РЕК Битола)

Канцеларијата на Јасмина Мановска е во бараките на ПЕ Рудници на РЕК Битола. И таа тврди дека досега не се соочила со дискриминација на работното место

-По струка сум рударски техничар и затоа сакав да ја работам оваа работа. Работам со увезениот јаглен, ги прегледувам камионите, излегувам на терен. Не е тешко, икако ова се смета за машка работа, жените добро се снаоѓаат, вели Јасмина.

viber image 2023 03 08 18 16 16 064

(фото: Јасмина Мановска, вработена во ПЕ Рудници на РЕК Битола)  

Виолета и Јасмина, заедно со ситеостанати жени вработени во РЕК Битола, уриваат предрасуди и потврдуваат дека нема машка и женска професија. На Денот на жената-8 Март испратија силна порака жените да ги прифатат сите предизвици и да не се откажуваат од своите желби заради општествени стереотипи кои ги ставаат во подредена положба во однос на мажите.

-Сите предизвици треба да се прифатат, работата е работа, без разлика дали се смета дека е машка или женска, вели Виолета.

-Жените треба да ги прифаќаат сите предизвици, никогаш да не се откажуваат, порача Јасмина. 

Отсекот за превенција при СВР Битола по повод празникот на жената 8 Март во соработка со претставници од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на РСМ на повеќе локации низ Битола на жените возачи им поделија цвеќиња и флаери под мотото "жените возат одговорно" .

Здружението на пензионери Битола им го честита 8 Mарт -  Меѓународниот ден  на  жената,  на сите членки-пензионерки од општините  Битола, Новаци и Могила, одавајќи  почит и признание на вековната борба на жената за економска, политичка и социјална рамноправност.

Иако жените умеат да кажат дека 8 Март не е ден за цвеќе, туку ден кога се одбележува борбата за нивните права, како и тоа дека жената заслужува внимание секој ден, а не само еден ден во годината, сепак, Битола е убава  вака расцветана. А, убаво ги личи и мажите со цвет в рака 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани