2win800x200

Работници на ЈКП „Комуналец“ денеска ги чистеа улиците во централното градско подрачје од наносите на земја и остатоците од сметот после топењето на снегот. Не само коловозите подетално се чистеа и пешачките патеки на повеќе улици низ градот, како и позициите каде се поставени контејнерите.

Советот на општина Битола денеска го пренесе правото на одржување и сервисирање на уличното осветлување во централното градско подрачје во Битола на ЈП „Комуналец“, дејност  која во изминатите години беше во рацете на приватни фирми. Со ова треба да се подобри одржувањето на уличното осветлување, а за тоа ќе бидат издвоени средства и дополнително ангажирани вработени во ова јавно претпријатие.

Вработените од  ЈП„Пазари“ –Битола, денеска  на паркингот кај Новиот пазар се вклучија во еднодневна акција за чистење на отпадоци  и остатоци од смет и земјоделски  производи на земјените  површини околу пазарот. Иако просторот непосредно до паркингот е во приватна сопственост, сепак  лошата слика е последица од работата на пазарџиите и купувачите, па вработените решиле состојбата да ја поправат  со расчистување и собирање на ѓубрето околу паркингот. Иницијативата за акцијата доаѓа од новиот директор на ЈП „Пазари“, Владо Атанасовски, кој на оваа фукцијата е од почетокот на овој месец.

Снегот предизвика големи проблеми и оштетувања на повеќе места низ градот на  преку 300 дрвја и садници. Од ЈП „Комуналец“ соопштија дека нивни екипи постојано се на терен и превземаат активности за расчистување на настанатите проблеми.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани