АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од вечера попладне гори депонијата Мегленци каде Битола го одлага комуналниот смет. Огнот досега зафатил два хектари од ѓубриштето кое се збира на површина од шест хектари. . Од Јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со Противпожаната единица од Новаци и вработени од РЕК од вчера попладне се на терен и се обидуваат пожарот да го стават под контрола.
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, како водечки партнер, „Комунална хигиена“ од Новаци и Движењето за околина „Молика “ од Битола ќе соработуваат со партнери од Грција во проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад“. Прокетот е кофинансиран од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија. Вкупниот буџет на проектот изнесува 898 853 евра, од кои 482 086 евра се за активности во Македонија, а останатите за Грција. Од грчка страна како партнери на прокетот се јавуваат „Диадима С.А.“ од Кожани, Центар за иновација и култура „Инополис“ и Националниот технички универзитет од Атина.
Дворот на ученичкиот дом „Мирка Гинова“-Битола, доби дваесеттина садници од бор во рамките на акцијата на ЈП „Коминалец“ - „За зелена Битола“. Слободните зелени површини според претходно направени планови ќе бидат засадени со нови садници. Наскоро се очекува борчиња да бидат засадени и во паркот кај Офицерскиот дом во Битола и паркот во близина на ОУ „Стив Наумов“, на влезовите на Битола како и на други локации. По ова ќе следува и холтикултурно уредување на парковите и поставување на клупи и урбана опрема.
Дали ЈП „Комуналец“ е под стечај , се прашуваат битолчани откако утрово се соочиле со грда слика пред училиштето „Стив Наумов“ во Битола.
Марија-Магдалена Петковска Микаровска на фејсбук објави фотографија од она што го затекна пред ова училиштето со коментар„ Ужас е глетката, страшно е што дечиња играат, поминуваат и веројатно сметаат дека е во ред пред училиште да е преплавано со ѓубре! Срам да е на одговорните!!!“.