2win800x200

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски синоќа свечено го отвори 6-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал "Пеце Матичевски " кој во наредните 20-тина дена ќе се одржува во повеќенаменското игралиште во Новаци .

Градоначалникот Љубе Кузманоски од Новаци го посети стопанскиот двор на ЈП за комунален отпад од Дуги Рат, Хрватска ,каде што учествуваше на презентацијата на Планот за управување со комуналниот отпад и негова рециклажа. Двете општини се збратимени шест години, а делегација на Општина Новаци деновиве беше во посета на пријателите од Хрватска. Договорена е соработка на повеќе полиња. 

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain од програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција набавен е трактор и приколица кои се  дел од опремата која општина Новаци треба да ја набави за да ги чисти речните корита и канали со кои ќе собира биомаса за загревање на детската градинка.

Со свечена седница, потпишување на договор за соработка со Коломбел, Франција и други пригодни активности, општина Новаци денес прослави 23 години постоење.

„Од типично рурална општина пред 23 години, денес Новаци е општина со која сите треба да се гордееме. Таа денес претставува стопански, административен, образовен, културен, уметничнки и спортски центар. Постојано вложуваме во инфраструктура, во изградба на нови паркови, засадување на дрвја, реконструкција на училишта и градинки. Нашата општина е една од најперспективните рурални општини која интензивно се развива. Заедно со Советот на Општината и граѓаните, чекор по чекор, упорно работиме и ја градина општина Новаци“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.

Специјално признание му беше доделено на градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски од Здружението на иселеници од Македонија во градот Ајдин, Турција, во знак за благодарност за доближување на македонскиот и турскиот народ и нивната култура преку збратимувањето со турската општина Караџасу.

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани