2win800x200

Опожарувањето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, но ќе биде доказ од Северна Македонија дека не се користи насилство и говор на омраза, рече министерката за надворшени работи Теодора Генчовска при денешната посета на опожарениот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Таа изрази надеж дека македонските служби ќе спроведат брза истрага и ќе го фатат сторителот.

„„Како што ме увери началникот на Битолската полиција преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот“, додаде министерката.

Генчовска рече дека ова никогаш не би можело да биде провокација од бугарска страна, но дека името на клубот нема да се менува, туку и понатаму ќе остане да се нарекува Ванчо Михајлов.

Пожарот беше подметнат утрово в очи работната посета на Генчовска на Македонија на покана на министерот Бујар Османи, со цел решавање на отворените билатерални прашања.

„ Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам пак, продолжуваме . Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Република Северна Македонија да биде исполнет договорот“, рече Генчовска.

Дали ќе го дигнат ветото во јуни рече дека зависи од Македонија и европските партнери.

Денес претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и МНР го осудија палењето на центарот. Ковачевски рече дека „во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо“.

Клубот беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков и други претставници од бугарскиот државен врв.

285258118 712454689975637 981999794778265642 n

Непознати сторители рано утрово го опожарија  културниот центар “Ванчо Михајлов“  кој се наоѓа на улицата Рузвелтова во Битола.

received 303749831956510

 
 Опожарена е влезната врата и натписот на кој пишуваше клуб Ванчо Михајлов. Во моментот полицијата   врши увид, а полициски службеници го обезбедуваат местото 
 
received 1428861490945756
 
Инаку, клубот е отворен во април оваа година во присуство на целиот државен врв на Бугарија
Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани