2win800x200

Христијан Мицкоски е опседнат со енергетиката, иако нема легитимитет да зборува на таа тема,  одгворија денеска од АД ЕСМ по обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека струјата ќе поскапи затоа што во Државните електрани се рабти недомаќински.

На Самитот за електрична енергија кој се одржува во Атина, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се сретна со новоназначениот директор на Енергетската заедница (ЕЗ), Артур Лорковски.

Директорот Ковачевски го запозна Лорковски со предизвиците со кои се соочи државата во текот на енеретската криза, како и успешното менаџирање преку АД ЕСМ со сила поддршка од Владата на Р. Северна Македонија. Беа истакнати предизвиците кои се очекуваат во текот на годината, како и за следната грејна сезона 2022/23г.

Лорковски, од своја страна изрази поддршка за државата и за АД ЕСМ како лидери во енергетската транзиција во Југоисточна Европа и порака да се продолжи во истиот правец.

Договорена е работна средба која ќе се одржи во Скопје на крајот на јуни, на која подетално ќе се разговара за енергетските теми и проекти.

 

 
Државата ќе платеше 37 милиони евра повеќе во енергетската криза ако АД ЕСМ не ги вклучеше ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО во системот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани