2win800x200

Државните електрани, РЕК Битола и Синдикалните организации на ЕСМ и РЕК,  денеска донираа машина за чистење подови и  средства за хигиена и дезинфекција за Регионалниот вакцинален центар во Битола.

Синдикатот на АД ЕСМ донираше прехранбени производи за вработените во ковид центрите во неколку градови во државата. 

АД ЕСМ Подружница РЕК„ Битола“ на своите вработени и на сите жители на Република Северна Македонија им ја честита Новата 2021 година со желби за здравје, љубов, слога, хармонија, личен развој и семејна благосостојба.   

 

Во организација на Државните електрани денеска се спроведе еко-акција за чистење на ски-патеката на Копанки од отпадот. На акцијата се приклучија планинари, скијачи, љубители на природата, а како што велат од ЕСМ,  целта е подигање на јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како и и промотивна подготовка на патеката пред почетокот на зимската сезона. Акцијата се спроведе со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД-19.

 

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски,  изјави дека  АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани