АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери од Битола ги известува своите членови од Битола, Новаци и Могила дека од четврток, 28.01.2020 година ќе врши запишување на огревно дрво, по цени за просторен метар даб 2900 денари и просторен метар бука 2800 денари.
Запишувањето ќе се врши од страна на претседателите на ограноците во просториите на месните заедници, како што беше случаи и претходните години.
Здружението на пензионери и денес продолжи со своите активности согласно мерките за здравствена заштита. На посебни три седници се одржани средби со претседателите на месните ограноци со кои раководеа претседателот на Извршниот одбор Томе Димитровски и претседателот на Собранието Крсте Белевски. Главни точки на дневниот ред беа програмата за активност во наредната година и финансискиот план за истата. За овие прашања деновиве расправаа и членовите на Извршниот одбор како и пензионерите кои се акативни во Собранието.
Оценка е дека и покрај пандемијата годинава предвидените активности се доследно извршени со водење на сметка за економично работење,а во програмата за работата за идната година исто така ќе се настојува Здружението да ги спроведува сите активности. Главен акцент ќе биде ставен на здравјето на пензионерите и активностите во месните заедници каде што за тоа има услови да се отворат клубови на пензионери.
Собранието при Здружението на пензионери од Битола денес ја одржа шестата седница на која беа усвоени програмата за работа во 2021 година, финансискиот план за следната година и програмата за работа на Надзорниот одбор.
„Финансискиот план е како и во претходната година бидејќи во бројот на пензинери нема голема разлика. Приходите се главно од членарината на пензионерите и мал дел приход од кирии од осум станови кои ги има Здружението и еден деловен простор“, рече Крсте Белевски, претседател на Собранието.
Од понеделник раководството на Битолското здружение ќе се сретне со претставници на Шумското претпријатие во Скопје за да се дефинираат подробностите околу уписот на дрва за огрев за 2021 година.
„Во понеделник со претседателот Томе Димитровски имаме таква средба во Скопје. Веќе е испратена понуда за количина на дрва за следната година, ќе ги дефинираме работите и по празниците ќе објавиме дека ќе започнеме со упси на пензионери кои преку Здружението сакаат да си набават дрва за одгрев за следната зима“, рече Белевски.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола одржа онлајн седница под претседателство на Томе Димитровски на која беше одлчучено да дадат придонес во подобрување на здравствената состојба во градот со тоа што ќе донираат материјални средства во Клиничката болница во Битола. И во изминатиот период Здружението на пензионери од Битола имаше добра соработка со Клиничката болница , па беа остварени неколку донации , а и понатаму остануваат отворени за взаемна соработка и помош. .