АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради големиот интерес на корисниците на пензија, членови на зруженијата на пензионери, како ќе продолжи исплатата на пензиите кои до сега се исплатуваа преку Еуростандард Банка, го даваме следното :
С О О П Ш Т Е Н И Е
По добиената информација од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, ги известуваме корисниците на пензија дека Фондот до банките кои вршат исплата на пензии ги има доставено потребните податоците за сите пензионери на кои до сега им се исплатуваше пензијата преку Еуростандард банка.
Пензионерот ќе избере банка во која ќе сака во иднина да му се исплатува пензијата,врз основа на негово барање за отворање на трансакциска сметка до банката и со приложување на личната карта, без да оди и бара потврда од Фондот.
Поднесување на барање до банката за отварање на трансакциска сметка пензионерот е должен да го поднесе, најдоцна до 21 август 2020 година, како би можело да обезбеди и понатаму редовна исплата на пензијата.
Доколку барањето за отворање на трансакциска сметка во избраната банка се поднесе после 21.08.2020 година, тоташ исплатата на пензијата ке се изврши во наредниот период.
Сојуз на здруженија на пензионери наСРМакедонија