И оваа зима повеќе од 42 државни и општински установи во градот користат лесно масло за ложење и мазут, а за тоа од државната и општинската каса на годишно ниво се трошат над 2,1 милион евра. Вакво истражување презентираше Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на трибината за аерозагадување. Во табелата на институции кои се греат со фосилни горива се Општината, Основниот и Апелациониот суд, Домот за доенчиња, Библиотеката, Центарот за култура, десет основни училишта, седум средни училишта, седум детски градинки, Студентскиот дом и други институции.

Биомасата што ќе се добива како нус производ од прочистителната станица во Битола, да се користи за покривање на одлагалиштето на јаловината во РЕК Битола. Ваков предлог понуди Иванчо Тошевси, советник од ВМРО-ДПМНЕ во битолскиот Совет, а денеска побара на седницата да се постави и точка на дневен ред „Изработка на физибилити студија за рекултивација на јаловината од РЕК Битола со биомасата од пречистителната станица“.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски смета дека  Општина Битола ги крши  законите за превоз во патниот сообраќај  и безбедност во сообраќајот со тоа што автобусите на ЈСП кои се на припомош на Општина Битола од денеска се вклучуваат во бесплатниот школски превоз.  

-Со овој потег Петровска ги понижи битолчани како никогаш досега. Ова е само потврда на сите наши досегашни обвинувања за неспособноста на Петровска да се справи со обврските кои произлегуваат од функцијата Градоначалник. Во овој случај имаме прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај и Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата согласно кои во моментов:

 - Општина Битола нема право да врши превоз на патници,

- Возилата се со ЕУРО 0 и не ги исполнуваат техничко експлотационите услови,

 - Возилата се постари од 50 години и се небезбедни за превоз на патници.

Дали Петровска е свесна за загрозувањето на безбедноста на учениците и останатите учесници во сообраќајот со ставањето во функција на овие дотраени и одамна исфрлени од употреба возила? Предизборното ветување за современ јавен превоз и набавка на еко возила за вршење на истиот и понатаму останува само една голема лага на Петровска, вели Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ .

На учениците кои не ги зачувале фискалните сметки за превозот до школо или пак патувале со сопствен превоз исто така ќе им се рефундираат трошоците доколку се најдат во извештајот што училиштата ќе го достават до Секторот за јавни дејности во Општина Битола.

Вчера на седница на Совет, по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, беше направено дополнување кон одлуката на Општината за рефундација на средствата.

Според првичната одлука за да има исплата на трошоците, директорот на секое училиште требаше да достави извештај со список на ученици кои користеле превоз, бројот на денови и износ за исплата според донесени оригинални сметки. Секој ученик пак, да достави барање за враќање на трошоците, фотокопија од трансакциона сметка и лична карта на родител или стрател и оригинални фискални сметки.

Тошевски реагираше дека со ваквата одлука нема да бидат опфатени сите ученици што платиле превоз од сопствен џеб зашто дел не ги чуваат фискалните сметки, а некои патувале со сопствен превоз. Тој предложи обештетувањето да не биде само врз основа на фисклани, туку надомест за трошоците да добијат и учениците кои школите во списоците ќе ги пријават дека патувале, а не ги зачувале фискалните сметки. Неговиот предлог беше прифатен од останатите советници, со што во интерес на учениците беше надополнета првичната одлука.

Репликата „партискиот начин на работа преовладува и не знам дали ќе има спас од ваквото функционирање “ искажана од независната советничка Габриела Илиевска на вчерашната седница,  предизвика сочна политичка кавга во битолскиот Совет. Претседателот на Совет Валентин Груевски од ЛДП, го возврати ударот нарекувајќи ја Илиевска „истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ, но на ова не остана имун советникот Ивачно Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќајќи дека тој не е за непринципиелни коалиции.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани