2win800x200

Новиот  локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски го избра тимот со кој ќе работи во следните години.

Формиран  е  новиот општински комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Битола и како што вели Тошевски „основниот мотив на нивната работа ќе биде зацврстување на старите вредности, но и внесување на нов начин и иновативен пристап на решавање на проблемите со кои се соочени граѓаните во Битола“. За потпретседател на ОК е избран Томислав Новевски, кој исто така беше кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, додека за секретар  е избран поранешниот советник во Советот на Општина Битола, Зоран Талевски.  Во тимот на Тошевски доминираат нови имиња и млади лица кои иако биле дел од партијата, сепак досега не биле експонирани, како Димитар Аневски, Горан Талевски, Стефан Димовски, Стефан Котевски, Марина Стефановска Јовчева, Жарко Тодоровски, Иле Кочишки, Дејан Стојановски, Александар Митровски, Јовица Богоев, Бојан Бојковски, а за прв пат во ОК членуваат и  професорите Горан Бизимовски и Борче Маслинков.  

Но, новиот ОК го сочинуваат и лица кои биле носители на јавни  функции како бившите директори на јавните претпријатија „Комуналец“ и „Пазари“, Зоран Соклевски и Сашо Стаматов, бившата директорка на старскиот дом „Сјуе  Рајдер“, Марица Тодоровска, како и екс директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието Јордан Кузмановски. Потоа Маре Стојменова Мицевски поранешен директор во заводот „Кочо Рацин“ како и Анета Ѓоргиевска од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас,и екс директорот на ИЗ „Жабени“ , Сашо Илковски.

За апла.мк , Тошевски вели дека дел од членовите на ОК се задолжени за внатре- теренските активности, а дел од нив поради нивната професионална стручност и искуство ќе посветат  внимание на животната средина и здравјето, локалната самоуправа и јавните претпријатија,образованието како и работата и раководењето на  РЕК-Битола, земјоделието и спортот.

Во тимот на Тошевски  не влезе никој од досегашното најтесно раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, Илче Димовски, Емилија Ѓероска.

Иванчо Тошевски - претседател
Томислав Новевски - потпретседател
Зоран Талевски - секретар
Зоран Илиоски - пратеник
Лилјана Кузмановска - пратеник
УМС Претседател
УЖ Претседател
Тони Коњановски - член
Јовица Богоев - член
Синиша Ковачевиќ - член
Марина Стефановска Јовчева - член
Александар Мирчевски - член
Зоран Соклевски - член
Соња Карапашовска - член
Марица Тодоровска - член
Маре Стојменова Мицевска - член
Борче Маслинков - член
Ѓорги Чекутков - член
Олга Лозановска - член
Елена Трајчевска - член
Горан Степановски - член
Анета Ѓорѓиевска - член
Срмина Поповска - член
Бојан Бојковски - член
Иле Кочишки - член
Златко Темелковски - член
Јован Ташевски - член
Горан Бизимовски - член
Круме Стојановски - член
Сашо Стаматов - член
Вера Бешлиевска - член
Димитар Аневски - член
Стефан Димовски - член
Стефан Котевски - член
Жарко Тодоровски - член
Горан Талевски - член
Зоран Михајловски - член
Митра Митревска - член
Дејан Стојановски - член
Матилда Булева - член
Сашо Илковски - член
Јордан Кузмановски - член
Шенол Мемиш - член
Александар Митровски - член  

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција, што се одржа пред посетата на премиерот Зоран Заев на Битола, до него упатија повеќе прашања за работата на локалната власт.

Иванчо Тошевски, советник во Советот на Општина Битола е избран за нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На синоќешната седница на Извршниот  комитет  на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје,  одлучено е од сите понудени кандидати од Битола, токму Тошевски да ја добие довербата за да ја води партијата во следните години.

Страница 6 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани