АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВМРО-ДПМНЕ денес обвини дека партијата на власт спроведува партиски вработувања во јавните претпријатија и во Општина Битола, а дека битката во СДСМ за кандадат за градоначалник ја плаќаат граѓаните од џеб. Од СДСМ демантрираа и го повикаа претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, да си го ажурира членството кај нив или да си земе исписница.
Со цел намалување на ризикот, стравот и паниката кај битолчани бараме власта веднаш да преземе активности за изнаоѓање на посоодветна локација за карантинско сместување и во иднина навремено да ја информира јавноста за сите активности кои ги презема“, стои во реакцијата на Иванчо Тошевски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ и советник во Советот на општина Битола
„Исто така, како претседател на Комисијата за безбедност при Советот на Општина Битола во соработка со колегите од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата изработивме иницијатива со сет на мерки во кои е предвидено и итно затворање на пристапот до градот на лица кои доаѓаат од подрачјата на територија на Република Македонија, каде има регострирани позитивни на корона вирусот. Иницијативата на Градоначалнчката Петровска ќе и биде предадена уште денес“, посочува Тошевски.
275 години ќе ви требаа да бидите на власт за да ги вложите парите што ние ги даваме за животна средина, им рече претседателот на Советот Валентин Груевски на советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кои денес ја критикуваа мерката за субвенционирање на клима инвертери во Битола. На денешната седница беа донесени измени и дополнувања на Програмата за живота средина за 2020 година, со тоа што буџетот се зголемува со 160 милиони денари или 2,5 милиони евра наменети за замена на печките на дрва со инвертер клими.