2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По повод Новогодишните празници Здружението на пензионери Битола на учениците од Центарот за поддршка на учењето во ООУ "Ѓорги Сугарев", им подари новогодишни пакетчиња.

 

received 335296299397744

Во пријатна атмосфера со новогодишни песнички, изработени честитки и благодарница,  директорот Роберт Филиповски, и  учениците се заблагодарија од срце

received 1024167735362763

Со новите законски измени, посебната паралелка во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ прераснува во Центар за поддршка на учењето на децата со попреченост на територијата на Општина Битола, со што ќе се обезбеди инклузија на сите ученици кои што имаат одредени потешкотии.

Нови 30 таблет компјутери одат во рацете на учениците од ранливите категории од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со претставничката на програмата РОМАКТЕД Фатма Бајрам Аземовска го посетија училиштето и се запознаа со начинот на изведување на наставата, како и со потребата на децата од ваков вид помагала за квалитетно одвивање на наставата.

Наташа Тодоровска, одделенска наставничка во ОУ „Ѓорги Сугарев“ преку фејсбук групата „Битолчанки на кафе муабет“ успеа да обезбеди ранци  и училишен прибор за децата од ранливите категории на семејства, кои се школуваат во ова училиште.  Тодоровска со својот повик  обезбеди педесет нови ранци и  училишен прибор  од приватната  фирма Inter Works  од Битола која се одзвала на повикот и тоа со понуда наставничката да каже  што им е потребно на децата.  

-Ни донираа ранци и ученички прибор  нови, но и користени, ама зачувани, се со цел за да можат да помогнат на нашите ученици. Особено голема благодарност до менаџментот на фирмата Inter Works, нивната донација навистина не изненади и воодушеви, вели Тодоровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани