2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ДОНИРАНИ 30 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ВО ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

Декември 29, 2020

Нови 30 таблет компјутери одат во рацете на учениците од ранливите категории од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со претставничката на програмата РОМАКТЕД Фатма Бајрам Аземовска го посетија училиштето и се запознаа со начинот на изведување на наставата, како и со потребата на децата од ваков вид помагала за квалитетно одвивање на наставата.

Директорот на училиштето Роберт Филиповски истакна дека досега во училиштето , по различни основи, но и преку Општина Битола, донирани се околу 200 таблет уреди, а со средства од општината, кои беа доделени за квалитетно спроведување на наставата во ковид околности, набавени се 19 персонални компјутери, заедно со соодветната опрема од микрофони и камери.

Најважна компонента при спроведувањето на проектот за активностите при справување со Ковид-19 е да им се излезе во пресрет на заедниците, така што во комуникација со училиштето и во координација со општината се детектираат проблемите и се изнаоѓаат соодветните решенија, посочи Фатма Бајрам Аземовска.

Проектот „Реконструкција на постоечко игралиште во населба Баир“, со средства од Советот на Европа преку програмата РОМАКТЕД, беше дополнет со сума од 2700 евра, по однос на активности за справување со Ковид-19 за ромското население. Со овие средства се набавија 30 таблет компјутери и се реновираше чешмата кај обновеното игралиште на Тепсија.

I R compress 1609261919588

I R compress 1609261920084

I R compress 1609261920589

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани