АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ќе се реконструираат спортските терени во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. На денешната седница советниците во битолскиот Советот треба да донесат одлука за издвојување средства од општинскиот буџет со кои ќе се реконструира спортското игралиште во ова училиште. Градоначалничката Наташа Петровска на својот ФБ профил напиша дека за оваа намена се предвидени 4 милиони денари.
Денес седам дома
За да се заштитам себе
Бидејќи утре треба
Да играм заедно со тебе...
УЧЕНИЦИТЕ од ОУ"ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ" БИТОЛА- ПРИМЕР ЗА НИВНИТЕ ВРСНИЦИ...
#СедиСиДома
Во рамкитe на проектот ,,Училишта на 21 век” учениците од ОУ Тодор Ангелевски се вклучени во критичкото размислување и решавање на проблемите и примена на уредот Микро:бит. Практично го применуваат Микробитот со решавање на зададени задачи и проблеми. Kлубот за кодирање прави интересни чекори со микробитот за што директно се одговорни наставниците Весна Гагаловска, Слаѓана Бојаџиева и Љупчо Божиновски.
Со игра и песни на неколку светски јазици со многу возбуда, ракоплескања и подавање раце за поздрав учениците од ОУ Тодор Ангелевски ја пречекаа амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија, Рејчел Галовеј. Целта на посетата на амбасадорката Галовеј е реализацијата на проектот Дигитализација во наставата „Училиште на 21 век“ поддржан со средства од Обединетото Кралство на Велика Британија.
-Задоволство е да се биде во Битола ова утро во ОУ Тодор Ангелевски, уживав во топлиот пречек од сите ученици , ги видов нивните таленти и надареност и сега ќе го разгледаме училиштето во рамките на проектот „Училиште на 21 век“ за развивање на креативно мислење, критичко мислење и дигитална вештина. Многу сум возбудена што ќе ги видам проектите на кои што работи училиштето во рамките на проектот поддржан од Британска амбасада и Британскиот Совет, изјави амбасадорката Галовеј.
Како вистински домаќини, директорката на ОУ Тодор Ангелвски, Љубица Стерјева, наставниците и вработените во училиштето ја пречекаа амбасадорката Галовеј, споделувајќи ги информации дека овој проект е особено важен за училиштето и наставата каде се вклучени ученици од прво до деветто одделение.
-Со посебна чест и задоволство ја поздравувам нашата гостинка Н.Е Галовеј . Училиштето влезе во проектот „Училиште на 21 век“ што е ретка можност, бидејќи во проектот учествуваат само десет училишта од државата кои го работат проектот од 2018 година. Во Велика Британија овој проект се спроведува од 2016 година што значи дека целат е да се покаже дигитализацијата во наставата, односно примена на различни техники потпомогнати од алатката наречена уред микро:бит чип, со кои учениците ќе можат да размислуваат и да го покажуваат нивното знаење со примена на дигиталната технологија, изјави Стeрјева.
Училиштето Тодор Ангелевски брои 1000 деца и како што вели Стерјева формиран е клуб за кодирање, во него се околу четириесеттина деца кои два пати во нeделата работат на проектот. Координатори на проeктот се одделенскиот наставник Весна Гагаловска, со наставничката Слаѓана Бојаџиева и наставникот по информатика Љупчо Божиновски.
ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола успешно го спроведе проектот ,,My magical dust" кој имаше за цел да ги поврзе учителите и родителите во училиштата за доброто на учениците. Со овој проект се потенцираа некои од главните проблеми со кои секојдневно се среќаваат учениците, но често се занемарени. Депресијата и анксиозноста кај младите ученици и деца се во пораст, но прашањето е: колку често ние во суштина обрнуваме внимание на нивното ментално здравје и благосостојба?
-Големо е задоволство што нашето училиште е дел од овој голем меѓународен проект. Се ангажираме максимално со креативни активности да ги исполниме зададените проектни задачи и подготвени сме за нови предизвици. Благодарност до нашите ученици и нивните родители и секако до наставниците кои несебично придонесуваа за овој голем проект, вели директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева.
Овој проект ги изучува 1 од 17 цели за одржлив развој на Обединетите Нации објаснети во 2030 агендата за ,,Здравје и благосостојба". Во овој проект учествуваат 30 држави, 1200 наставници и 30 000 ученици. Основач на проектот е Khurram Whiz од Пакистан.
-Со учеството во овој проект имав можност да работам со учениците на теми кои сметам дека се важни за иднината на децата и за подобрување на квалитетот на образованието. Занемарувањето на менталното здравје на учениците негативно се одразува врз нив. Потребна е соработка помеѓу наставниците, родителите и стручните служби. Таквата соработка може многу да помогне во оформување на младата личност која ќе биде спремна да се соочи со надворешниот свет. Целта на првата задача ,,Образованието во срце" беше учениците со помош на нивниот наставник слободно да се изразуваат. На таков начин да можат да откријат дали нешто им пречи и прави да се чувствуваат лошо на училиште или дома. Оваа задача успешно се заврши затоа што учениците слободно изразувајќи се изнесоа проблеми како булинг меѓу соучениците, осаменост, интернетот- како главен извор на среќа, вели за апла.мк наставничката Нела Петровска, од ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола, која е дел од овој голем проект.
Во втората задача со помош на училишниот психолог Соња Крстеска, учениците се запознаа со анксиозноста. При разговор и презентација им беа предложени упатства за тоа како да се справат при ваква состојба.Во третата задача се поттикнува имагинацијата кај учениците, со цел да развијат социјални и емоционални вештини. Преку замислени ситуации децата учеа како да решаваат проблеми.
Во проектот беа вклучени и наставниците: Јагода Мамузиќ, Мирјана Кимева, Лидија Стерјов, Татјана Чапкуноска, Весна Гагаловска, Соња Атанасовска, Мирјана Тасевска, Дивна Алиевска, Јасмина Ортаковска, Бисера Петровска Аргиновска, Гордана Георгиевска.