2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Училиште на 21 век“- учениците од ОУ Тодор Ангелевски со песни ја пречекаа амбасадорката на Велика Британија (видео)

Октомври 02, 2019

Со игра и песни на неколку светски јазици со многу возбуда, ракоплескања и подавање раце за поздрав учениците од ОУ Тодор Ангелевски ја пречекаа амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија, Рејчел Галовеј. Целта на посетата на амбасадорката Галовеј е реализацијата на проектот Дигитализација во наставата „Училиште на 21 век“ поддржан со средства од Обединетото Кралство на Велика Британија.

-Задоволство е да се биде во Битола ова утро во ОУ Тодор Ангелевски, уживав  во топлиот пречек од сите ученици , ги видов нивните таленти и надареност и сега ќе го разгледаме училиштето во рамките на проектот „Училиште на 21 век“ за развивање на креативно мислење, критичко мислење и дигитална вештина. Многу сум возбудена што ќе ги видам проектите на кои што работи училиштето во рамките на проектот поддржан од Британска амбасада и Британскиот Совет, изјави амбасадорката Галовеј.

Како вистински домаќини, директорката на ОУ Тодор Ангелвски, Љубица Стерјева, наставниците и вработените во училиштето ја пречекаа амбасадорката Галовеј, споделувајќи ги  информации дека овој проект е особено важен за училиштето и наставата каде се вклучени ученици од прво до деветто одделение. 

-Со посебна чест и задоволство ја поздравувам нашата гостинка Н.Е Галовеј . Училиштето влезе во проектот „Училиште на 21 век“ што е ретка можност, бидејќи во проектот учествуваат само десет училишта од државата кои го работат проектот од 2018 година. Во Велика Британија овој проект  се спроведува од 2016 година што значи дека целат е да се покаже дигитализацијата во наставата, односно примена на различни техники потпомогнати од алатката наречена уред микро:бит чип, со кои учениците ќе можат да размислуваат и да го покажуваат нивното знаење со примена на дигиталната технологија, изјави Стeрјева.

Училиштето Тодор Ангелевски брои 1000 деца и како што вели Стерјева формиран е клуб за кодирање, во него се околу четириесеттина деца кои два пати во нeделата работат  на проектот. Координатори на проeктот се одделенскиот наставник Весна Гагаловска,  со наставничката  Слаѓана Бојаџиева и  наставникот по информатика Љупчо Божиновски.

а1

а5

аа5

а3

а6

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани