2win800x200

Општина Битола ги известува граѓаните дека поаѓајќи од општествената одговорност и следејќи ги мерките и препораките на Владата на РСМ за спречување на ширењето на корона вирусот, а притоа водејќи сметка и за економските последици за превозниците кои го вршат општинскиот линиски превоз, во наредниот период од 27.03.2020 година, ќе има  дополнително редуцирање на поаѓањата од возните редови на општинските линии и истите ќе сообраќаат како што следува:

Линијата 1 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поаѓање на Д и А ХЕРА ТРАНС во временскиот период од 06:20 до 10:20 часот и од 14:20 до 17:00 часот; во вторник и четврток ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 10:00 часот и од 14:00 до 16:40 часот, во спротивната насока; а во сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 12:00 часот.  

Линијата 4 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ЛУКА ЕКСПРЕС во временскиот период од 06:00 до 10:20 часот и од 14:00 до 16:40 часот; во вторник и четврток ќе  сообраќа  со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:15 до 10:15 часот и од 14:15 до 16:55 часот, во спротивната насока; а во сабота ќе  сообраќа  со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:15 до 12:15 часот.  

Линијата 5 во понеделник, среда и петок ќе  сообраќа  со времињата на поѓање на ХЕРА ТУРС во временскиот период од 06:15 до 10:45 часот и од 13:45 до 16:45 часот; во вторник и четврток ќе  сообраќа со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС во временскиот период од 05:45 до 10:15 часот и од 14:00 до 17:00 часот, во спротивната насока, а во сабота ќе  сообраќа  со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС во временскиот период од 05:45 до 11:45 часот.

Линијата 6 ќе сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање во временскиот период од 06:00 до 10:00 часот и од 14:00 до 17:00 часот.

Линијата 7 ќе  сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 06:10, 07:00, 13:10 и 15:20 часот.

Линијата 8 ќе сообраќа во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 07:15 и 15:15 часот.

Линиите 10 и 11 ќе сообраќаат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 05:30 и 11:30 часот.

Линијата 14 ќе сообраќа со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 05:55 и 15:30 часот.

Линиите 13 и 15 ќе сообраќаат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Шехерезада“ во 07:00 и 13:30 часот.

При одржувањето на линиите, возилата треба да сообраќаат со преполовен капацитет и со запазување на препорачаното растојание меѓу еден и друг патник.

Влезовите на повеќе колективни згради во Битола денеска беа дезинфицирани, исто како и јавни површини, паркинзи и пристапни патеки. Акцијата за дезинфекција на градските населби продолжи и денеска информираат од Општина Битола. 

6

-Општина Битола до денес нема пријавен случај на заболени од корона вирусот. Но, почитувани граѓани, реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик. Во меѓувреме, Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија „Комуналец“, „Водовод“,„ Нискоградба“ и „Пазари“, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“. ЈП Пазари тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот, информираат од Општина Битола.

11

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, упати апел до сите граѓани совесно да се однесуваат и да ги почитуваат сите мерки и препораки од надлежните во услови кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација. Таа рече дека потребно е да реагира професионално, според утврдена хиерархија, со строги протоколи, во кои точно и прецизно секој си ја знае сопствената работа и сноси сопствена одговорност.

Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција-болест COVID 19 (коронавирус) на Општина Битола од почетокот на оваа недела, со засилените мерки, препораки и преземени активности во однос на сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи, Општина Битола координирано е во соработка со сите институции во градот кои имаат одредена надлежност и поврзаност со активностите поврзани со COVID 19, односно корона вирусот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани