2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Да преовлада разумот, ова се наши деца и изолацијата е контролирана, апелираа од Општина Битола

Март 27, 2020

Пристигнатите лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин, бидејќи се под 24 часовен надзор, што не остава можност за непочитување на изолацијата како што се случуваше во изминатите денови во одредени ситуации во државата, вклучително и со еден случај во нашиот град. Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. Значи, пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолација. Со ваква реакција излезе Општина Битола откако попладнево нашинци од странство беа сместени во карантин во битолски хотел. Тие таму ќе останат во контролирана изолација 14 дена. 


„Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат да се вратат дома. Најголем дел од нив се наши деца.
Нека ги поминат во мир 14-те изолативни денови, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата.
Мора да преовладува разумот, состојбата на човечност, колективност, каков што секогаш сме го имале.
Останете во своите домови со Вашите семејства и оставете на професионалците да си ја завршат својата обврска. Само заедно ќе излеземе посилни од оваа глобална светска криза, која за жа, не не одминува ниту нас“, стои во соопштението на Општината. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани