2win800x200

По обидот на жители од битолски Баир со возило „рено“ деновиве да прегазат полициски службеници, по вторпат во рок од шест дена се случи уште еден сличен настан, овој пат жена со кола се обиде да удри во полицајци. Првиот настан се случи во Битола од група жители на Баир, а за вториот осомничена е жена од Ресен.

 

Според СВР Битола, вчера околу 22,15 часот во село Грнчари, Ресенско, на патот Макази-Маркова Нога, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен ги лишиле од слобода П. Н. од Ресен и Ф. А. од с. Алданци, Крушевско.

 

„П. Н. која управувала патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, не застанала на даден знак за запирање од полициски службеници и се обидела да удри во нив. Сопатникот Ф. А. го свртел воланот и ги избегнал полициските службеници, по што го запрел возилото. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, вели МВР.

Само шест дена претходно, Битолската полиција поднесе кривична пријава против осум лица поради напад на полицајци при вршење на работи од безбедноста, а петмина од нив добија мерка притвор.

„На 10.02.2023 во населба Баир, на улица Караорман во Битола, неколкумина лица сакале да ги прегазат полицајците со патничкото возило ‘рено’ во кое се превезувале, а фрлиле и со тврд предмет кон нив, при што повредиле еден полициски службеник. Малку подоцна тие и физички ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејства“, велат од МВР.

Граѓани добиваат електронски пораки дека наводно во име на министерот за внатрешни работи во соработка со полициската канцеларија на Европол, се повикани да се јават на суд за измислени кривични дела кои никогаш не ги сториле. МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот. Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк.

Во текот на денешниот ден (08.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 36 пешаци.

За време на контролата регистрирани се и 4 останати прекршоци.
„Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од СВР Битола 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани