АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се асфалтира улицата „Климент Охридски“ во Битола. Новиот изведувач, кој беше избран откако Општината го раскина договорот со претходниот бидејќи тој не ги испочитува роковите, за многу кус период ја заврши работата и ја асфалтира улицата.
Новиот изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“, избран по пат на електронска аукција на 30 април годинава, започна со реконструкција на коловозот и тротоарите на оваа улица.
Екипи на фирмата „Еуроинвест медиу“ во моментов на терен вршат геодетско снимање и исколчување во функција на израмнување, а паралелно се работи на поставување на тротоарот. По подготвителните активности, се очекува за краток временски период, според договорот склучен со изведувачот, да се изврши асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.
По раскинувањето на договорот со фирмата МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола, Општина Битола спроведе постапка за избор на нов изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“. Денес на електронска аукција беше избрана фирмата која ќе изврши реконструкција на коловозот и тротоарите на ул. „Климент Охридски“ во Битола, соопштија од Општина Битола.
По критериумот најниска цена, победник на електронската аукција е фирмата „Еуроинвест Медиу“.
Од денот на потпишувањето на одлуката, учесниците имаат право на жалба во рок од осум дена, а по истекот на законските жалбени рокови, се очекува да се потпише договор со изведувачот и да се започне со асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.
Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби во однос на сите изведувачи.
Општина Битола му испрати известување на изведувачот МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола дека му го раскинува договорот за реконструкција на коловоз и тротоари на улицата „Климент Охридски“.
Во известувањето за раскин на договорот од страна на Општината, се наведува дека оваа мерка е превземена откако се пречекорени сите рокови за изведување на работите, предвидени во член 14 од Договорот за јавна набавка на работи склучен на 06.06.2017 година.
Во тек е последната фаза од комплетната инфраструктурна реконструкција на улицата „Климент Охридски“, на потегот од ул. „Партизанска“ до ул. „Солунска“.
По завршувањето на подземните активности, каде што КЈП „Нискоградба“ ја реконструираше канализационата мрежа, а ЈП „Водовод“ изврши промена на старите азбестно-цементни цевки во водоводната мрежа со нови полипропиленски цевки, следува последната фаза од реконструкцијата.
Во моментов на терен се одвива подготовка и тампонирање на коловозот на првата делница од улицата, по што ќе следува и асфалтирањето. Градежните активности се одвиваат согласно утврдената динамика, со што од сите страни ќе се испочитуваат предвидените рокови за работа.
Реконструкцијата на ул. „Климент Охридски“ во Битола е во должина од 450 м. Изведбата на канализационата мрежа чини околу 2,5 милиони денари, за изведбата на водоводната мрежа се потрошени околу 2 милиони денари, а за коловозот 5 милиони денари, средства на Општина Битола.