2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НОВИОТ ИЗВЕДУВАЧ ЗАПОЧНА СО РАБОТА НА УЛИЦАТА „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Мај 28, 2019

Новиот изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“, избран по пат на електронска аукција на 30 април годинава, започна со реконструкција на коловозот и тротоарите на оваа улица. 


Екипи на фирмата „Еуроинвест медиу“ во моментов на терен вршат геодетско снимање и исколчување во функција на израмнување, а паралелно се работи на поставување на тротоарот. По подготвителните активности, се очекува за краток временски период, според договорот склучен со изведувачот, да се изврши асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.

2

Реконструкцијата на улицата „Климент Охридски“ започна лани во септември, кога беше заменета водоводната и канализационата мрежа, но од Општината се имаа пожалено дека изведувачот што бил избран на првиот тендер ги пробил сите рокови за асфалтирање на улицата. По ова општината го раскина договорот со него и го тужи, а исто така и изведувачот ја тужеше општината зашто не му го исплатила сработеното. Во меѓувреме улицата остана недовршена, па беше објавен нов тендер и сега надлежните за скоро најавуват асфалтирање.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани