2win800x200

Жителите од комплексот згради Стара Болница револтирано реагираат што објектот каде порано беше сместен колонијал под една од висококатниците, сега е руина. Велат, овој деловен објект кој е во државна сопственост и се наоѓа во строгиот центар на градот, е претворен во руина, а  никој не им застанува на патот на вандалите, па продолжува неговото уништување.

Станарите велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор да интервенира, затоа што објектот е испустен, но, и околината на зградата во центарот на Битола е во ѓубриште и стакло.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани