2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Денес се изврши масовно дезинфицирање на јавните површини го градот, кое започна во 7 часот изутрина.

Сирок

Координатор на акцијата беше ЈП „Комуналец“, а во акцијата се вклучија и ЈКП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“, ЈП „Паркинзи“, Територијалната противпожарна служба, екипи на ЕСМ-РЕК Битола, ЈП „Стрежево“, приватните компании „Зимак“, „Стентон градба“, ЗИК „Пелагонија“ како и волонтери од руралните средини.

-Во акцијата беа ангажирани 5 цистерни, 22 трактори, 1 метларка, 50 рачни пумпи и останати возила за логистика. Според претходно подготвениот оперативен план, градот беше поделен на 27 реони, во кои делуваа цистерните и тракторите. Посебен акцент е ставен на Широк сокак и дворот од Градската болница, каде работеше метларката пропратена со рачно прскање. Рачните грбни пумпи се користеа за урбаната опрема – клупи, детски и спортски реквизити, корпи за отпадоци и патеките до влезовите на зградите за колективно домување, информираат од Општина Битола.

Тракторите кои дојдоа од руралните средини, по завршувањето на акцијата во градот, продолжија со дезинфекција во руралните средини од каде доаѓаат.

Се предвидува акцијата да продолжи (повтори) во текот на наредните денови.

Денес  се измиени и направена е целосна дезинфекција на двата пазари во Битола.

 

 

Државните електрани заедно со РЕК Битола, ФОД и синдикалните организации од овие компании, со екипа од 50  опремени и обучени лица, на повик на Општина Битола денеска започнаа со дезинфекција во сите влезови на станбените единици во Нова Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани