АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Само од Битола, повеќе од 50 млади луѓе студираат во Словенија. Ова е знак на пријателство помеѓу двете држави, како и потврда за довербата на македонската младина во Словенија, беше речено на денешната средба помеѓу Општина Битола и Амбасадата на Р. Словенија, во гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде беа донирани книги, преку кои идните средношколци ќе имаат можност повеќе да се за запознаат со словенечкиот јазик и култура. Фактите покажуваат дека, многу млади средношколци од Битола, своите студии ги продолжуваат на универзитетите во Словенија.
Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола од фирмата „Жито Лукс“.
Граѓанската асоцијација од Битола денес го организира хуманитарниот настан „Од срце за децата на Битола за еднородителските семејства“, каде на плоштадот Магнолија од 9 до 16 часот се поставени штандови со производи на приватни и јавни фирми како донација од граѓаните за еднородителските семејства.
-Вклучени се градинките „Пролет“ и „Бонбончиња“, потоа „Орифлеим “ и „Авон“ како и фабриката „Кромберт и Шуберт“ коишто со свои донации се вклучени во акцијата. Обезбедени се 13 пакети на производи кои ќе бидат донирани на еднородителски семејства, рече Ѓорги Јошевски, претседател на Граѓанската асоцијација Битола .
РК "Пелистер" заедно со навивачката група "Чкембари" ја покажаа својата хуманост на дело. Тие денеска донираа огревно дрво и прехрамбени продукти на 62 годишната битолчанка Љуба Поповска , која преживува од скромна социјална помош од 1400 денари.
Шведската хуманитарна организација Hand till Hand темелно ги реновираше трпезаријата и санитарните јазли во Заводот за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“-Битола, со цел да се подобрат условите во оваа установа.