Со дефиле низ битолските улици мото клубовите од градот во соработка со полицијата испратија порака родителите да не им купуваат веспи и други мотори на малолетници помали од 16 години, а моторциклистите да возат со заштитна опрема и според сообраќајните правила и прописи.

Во срцето на градот на конзулите, од чкртаници одвај може да се прочита единствената информативна табла за улицата на конзулите во Битола. Таблата содржи историски факти за конзулското минато на Битола, поткрепени со фотографии од тоа време. За жал, несовесни лица со спреј го исчкртале стаклото од таблата. На неа со напор може да се прочита дека долж оваа улица се распространети зданијата каде што биле сместени францускиот, грчкиот, српскиот, англискиот конзулат.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес се сретна со претставниците на конзуларниот дипломатски кор во Битола. Тој уште синоќа на свеченото отворање ја најави средбата велејќи  „за мене е чест што сум тука, немам баш надлежност, ама дека  е меѓународен фестивалот, тука се фаќам. Ќе се сретнам утре сабајле со конзулите.  Малку да се бавам со нешто што не е баш чиста политика“, рече Димитров. На средбата со Димитров беа дел од конзулите со кои имаа заедничи доручек со традиционални битолски питулици.

42334850 268668993987372 3079903064933531648 n

42322663 527177147709464 980078981095096320 n

42359145 280795609201770 5913569796451991552 n

гуѕ

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани