2win800x200

Во градот на конзулите исчкртана сигналитиката за конзулската традиција

Февруари 14, 2019

Во срцето на градот на конзулите, од чкртаници одвај може да се прочита единствената информативна табла за улицата на конзулите во Битола. Таблата содржи историски факти за конзулското минато на Битола, поткрепени со фотографии од тоа време. За жал, несовесни лица со спреј го исчкртале стаклото од таблата. На неа со напор може да се прочита дека долж оваа улица се распространети зданијата каде што биле сместени францускиот, грчкиот, српскиот, англискиот конзулат.

 

Оваа табла е дел од проектот „Сигналитика“ во чии рамки пред 13 години беа поставени 11 светлечки паноа, шест легнати табли и два јарболи пред и на 21 важен културно-историски објект во градот. Донацијата вредна 15.000 евра ја додели тогашниот амбасадор на Република Франција во нашата земја Вероник Бижон Баре.

Дел од паноата и таблите не само што се исчкртани, туку се и демолирани. На социјалните мрежи сите битолчани од петни жили ја бранат традицијата, на терен некои се однесуваат спротивно на тоа. За ваквото однесување досега никој не бил казнет. Но, и ваквото уништување не е ништо во споредба со состојбата во која се наоѓаат дел од старите конзуларни претставништва во Битола кои се распаѓаат низ годините.52063584 1909859762475411 2167015797757575168 n

52467445 410121563089054 6682608631675879424 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани